Дома Фудбал Неверојатни сцени по крајот на мечот на Енфилд: Ова никогаш нема да се заборави

Неверојатни сцени по крајот на мечот на Енфилд: Ова никогаш нема да се заборави

Јирген Клоп официјално е вториот најбрз менаџер кој стигнал до 200 победи во историјата на Премиер лигата. Побрз од Сер Алекс Фергусон, Арсен Венгер и Жозе Мурињо.

Клоп синоќа против Челзи ја постигна 200-та јубилејна победа на клупата на „Црвените“ во Премиер лигата, кога неговите играчи им одржаа фудбалска лекција на гостите од Лондон и ги совладаа со 4:1.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Германецот е седмиот менаџер со повеќе од 200 победи во историјата на Премиер лигата, по Сер Алекс Фергусон, Арсен Венгер, Хари Реднап, Жозе Мурињо, Дејвид Мојс и Пеп Гвардиола.

Иако неодамна најави дека ќе го напушти клубот на лето, Клоп како синоќа да дебитираше како тренер на „Црвените“. Во текот на целиот натпревар имаше препознатливи движења, беше со својот тим од првата минута до последната, а на крајот славеше како да освоил нова титула.

Германецот секако може да биде задоволен бидејќи неговиот тим има пет бода повеќе од Манчестер Сити, со натпревар повеќе и продолжува да го држи првото место и да ита кон нова титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Јувентус жестоко го навредија Влаховиќ, па тој одговори на Инстаграм

Навивачите на Јувентус не се задоволни од настапите на нивниот напаѓач и српски репрезента…