Дома Останати Тенис Неверојатниот Ѓоковиќ го собори рекордот на Федерер

Неверојатниот Ѓоковиќ го собори рекордот на Федерер

Со победата против американскиот тенисер Тејлор Фриц, деветти на АТП-листата, со 6:1, 6:4, 6:4, Новак Ѓоковиќ по 13. пат се пласираше во полуфиналето на УС Опен и 47. на Гранд Слем турнири воопшто, надминувајќи го неговиот претходен рекордер Роџер Федерер.

Тој одамна го остави зад себе Рафаел Надал, третиот од големата тројка бидејќи Шпанецот има 38 полуфиналиња на најголемите турнири.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ѓоковиќ наскоро би можел да собори уште еден рекорд на Федерер.

Швајцарецот има 58 четвртфиналиња на Грен слемовите, додека Србинот 57. четвртфинале го одигра во Њујорк.

Трет на оваа листа е Рафаел Надал со 47 четвртфиналиња. Доколку го победи 20-годишниот Бен Шелтон во полуфиналето на УС Опен и влезе во финалето, Ѓоковиќ ќе го игра своето 36. Грен слем финале.

И таму е апсолутен рекордер, бидејќи Федерер има 31, а Надал 30 финалиња. Ѓоковиќ во кариерата освои 23 Грен слем титули, три повеќе од Федерер и една повеќе од Рафаел Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Обвинувања за Ѓоковиќ: Ќе провоцира 340.000 Албанци!

Веќе е познато дека Новак Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот од серијата АТП 250 во Женева кој…