Дома Фудбал Англија Неверојатен автогол на голманот го реши натпреварот Волвс – Лидс

Неверојатен автогол на голманот го реши натпреварот Волвс – Лидс

Волвс во рамките на 25. коло од Премиер лигата на свој терен го совлада Лидс со 1:0.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Одличен натпревар одиграа и двата тима, а на крајот Волвс дојде до победа благодарение на неверојатниот автогол на голманот на Лидс.

На овој натпревар беа видени по неколку шанси на двете страни. Јунак беше голманот на Волвс Руи Патрисио кој имаше неколку неверојатни интервенции.

Моментот на одлука се случи во 64. минута. Адама Траоре шутира и ја погодува пречката, а топката од грбот на голманот на Лидс се одбива и завршува во мрежата за предност на домашниот тим од 1:0.

Лидс на сите начини се обидуваше да постигне гол. Постигнаа погодок преку Бамфорд, но беше поништен поради офсајд.

На крајот остана 1:0, а Волвс дојде до 33. бода и го поминаа Лидс на 11. место во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Чаби Алонсо е нов тренер на Челси

Англискиот гигант Челси официјално потврди дека шпанскиот стратег Чаби Алонсо ќе го презем…