Францускиот играч за врска, Танги Надомбеле до крајот на зимскиот преоден рок сигурно ќе го напушти Тотенхем.
Скапоцениот играч за врска не се наметна во Тотенхем и Конте јасно му порача дека за него нема место во тимот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Медиумите веќе неколку дека пренесуваат дека Ндомбеле е блиску до трансфер во ПСЖ, но сега дојде до неочекуван пресврт.
Додека ПСЖ преговара за поделба на трошоците за плата со Тотенхем се појави друг клуб.
Имено, шпанските медиуми пренесуваат дека Тотенхем ја прифатил понудата на Валенсија за позајмица на Ндомбеле до крајот на сезоната.
Доколку ПСЖ не реагира брзо ќе остане без Ндомбеле, кој ќе се пресели во Примера.