Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа десет натпревари.
Голден Стејт Вориорси славеа со резултат 128:120 против Њу Орлеанс. Во првата четвртина гостите играа одлично и имаа 13 поени предност, но втората им припадна Вориорсите со 37:25. Со сличен резултат 37:26 беше завршена и третата, за во последните 12 минути да биде изедначено.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Клеј Томпсон уфрли 31 поен и беше најефикасен кај Вориорсите, а го следеа Стеф Кари и Кевин Дурант со 28 односно 22 поени. Од друга страна Де Маркус Каусинс и Ентони Дејвис постигнаа по 35 поени.
Бруклин го совлада Орландо со 126:121, а на гостите не им помогна ниту одличниот Никола Вучевиќ кој уфрли 41 поен, што беше негов рекорд на кариерата.
Минесота со резултат 100:97 запиша победа против Јута.. Тие до победата предводени од Андре Вингс со 21 поен додека кај Јута најефикасен беше Роднеј Худ со еден поен помалку.
Лос Анџелес Лејкерси на домаше паркет го совладаа Феникс. Лејкерси во поголемиот дел од натпреварот го контролираа резултатот, но на десет секунди пред крајот Санси заостануваа само еден поен. Сепак, победата во драмтичен финиш ја однесе Лејкерси со 132:130.
Лонзо Бол беше најдобар кошаркар кај Лејкерси со 29 поени, додека Инграм додаде 25 кај Санси, очекувано најмногу поени постигнаа Бледсо 28 поени и Бокер 25.
Шарлот – Атланта 109:91
Индијана – Портланд 96.114
Милвоки – Кливленд 97:116
Филаделфија – Бостон 92:102
Вашингтон Визардс – Детроит 115-111
Бруклин – Орландо 126:121
Минесота – Јута 100:97
Далас – Сакраменто 88:93
Њу Орлеанс – Голден Стејт 120:128
Феникс – Лос Анџелес Лејкерс 130:132