Изминатиот период во американските медиуми можеа да се прочитаат шпекулации кои го поврзуваа Лука Дончиќ со преселба во Лос Анџелес Лејкерс.
Во овој момент прашање е колку е тоа реално бидејќи во Далас словенечкиот кошаркар има голем договор. Според седумкратниот шампион кој во минатото го носеше дресот на Лејкерс, Роберто Ори, Дончиќ не е потребен на Лејкерс.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кога ќе му истече договорот ќе има 31,32 години…а ниту денес не е помеѓу најдобрите одбранбени играчи во лигата. Мораат да се доведат играчи кои играат добра одбрана. Лука не е таков. Има можеби одличен шут, меѓутоа прво и некој мора да му го одземе пирвото од рацете. Не е способен да се одржи во форма. Можеби ќе биде добар, но не е тоа што сега му треба на Лејкерс“, изјави Ори.
Изминатата сезона Дончиќ со Далас стигна до финалето во кое Бостон Селтикс ги победи со 4:1.