Дома Кошарка НБА го објави пресекот од гласовите за „Ол-Стар“: Дончиќ со најмногу гласови!

НБА го објави пресекот од гласовите за „Ол-Стар“: Дончиќ со најмногу гласови!

Љубителите на кошарката со нетрпение го очекуваат 16. февруари кога во Чикаго ќе се игра „Ол-Стар“ натпреварот.

Гласањето за „Ол-Стар“ викендот веќе започна на официјалната стана на НБА, а повторно ќе гледаме натпревар на Западот и Истокот. НБА сега направи пресек и ги објави моменталните гласови на кошаркарите.

До пресекот најмногу гласови добил неверојатниот Лука Дончиќ кој игра во животна форма. Дончиќ освоил 1.073.957 гласови и зад себе го остави Јанис Антетокумпо за кого гласале 1.073.358 фанови.

На третото место е Леброн Џејмс со 1.020.851 гласови, додека неговиот соиграч Ентони Дејвис доби 955.246 гласови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Без клуб по Црвена звезда, Грејем сега се појави како Џокер

Девонте Грејем не ги оправда очекувањата во Белград, а додека е без ангажман, вниманието г…