Дома Фудбал Англија На Шмајхел не му се јасни одлуките на Солскјер: Зошто да го пуштиш во игра Марсијал?

На Шмајхел не му се јасни одлуките на Солскјер: Зошто да го пуштиш во игра Марсијал?

Meнаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер беше критикуван од страна на јавноста поради изгубениот меч со Јанг Бојс во првото коло од Лигата на шампионите.

Замерки на неговите одлуки во текот на мечот имаше и легендарниот Петер Шмајхел.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Секогаш може да се поставуваат прашања за составот, но во овој случај кога во недела ве чека меч со Вест Хем, вие играте прв натпревар во ЛШ, зошто да не излезете со најсилниот тим?“, запраша Данецот.

Потоа зборуваше и за Гринвуд.

„Мејсон Гринвуд е во одлична форма. Тој е млад играч, постигнува голови, создава шанси и за соиграчите не само за себе. Вистина, Рафаел Варан само што дојде, но би сакал да ги видам на теренот“.

За Шмајхел чудно е што Солскјер го пуштил Марсијал во игра.

„Солскјер потоа го вади Роналдо. Ние како играчи сакаме да го гледаме Кристиано на теренот. Ако добие топка секогаш може да смисли нешто. Толку долго чекавме да видиме таков играч, но Солскјер го менува и подоцна во игра го внесува Марсијал кого сакаа да го продадат. Тоа е чудно. Чудно е затоа што Марсијал игра лошо во одбраната. Тој не е вреден работник, туку напаѓач. Екипата има играч помналку, не очекуваме да создава шанси, па зошто тогаш да влезе Марсијал?“, коментира Шмајхел.

Манчестер Јунајтед после изненадувачкиот пораз од Јанг Бојс ќе го пречека Виљареал кој во првото коло одигра нерешено против Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…