Дома Фудбал Останато „На Роналдо приоритет му е фудбалот, на Нејмар забавите“

„На Роналдо приоритет му е фудбалот, на Нејмар забавите“

Tренерот на Ал Хилал, Жорж Жесус ги спореди Нејмар и Кристијано Роналдо велјеќи дека Бразилецот е одличен, но дека има поинакви приоритети за разлика од Португалецот.

Се очекуваше од Нејмар да биде наследник на Роналдо и Меси, меѓутоа бразилскиот ас никогаш не стигна до тоа ниво и веројатно веќе е доцна. Нема дилеми дека Нејмар имаше голем потенцијал, меѓутоа најголем проблем кон таа цел можеби беше неговиот животен стил.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради тоа Жорж Жесус направи брутална споредба помеѓу Нејмар и Роналдо.

„Кристијано Роналдо има неверојатна пасија за фудбалот и токму затоа тој е негов приореит. Нејмар има пасија за други работи, сака да се забавува и приватниот живот му е на прво место. Сепак, имав прилика да соработувам месец ипол и можам да кажам дека е фантастичен играч, пријатно бев изненаден“, изјави Жесус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…