Дома Фудбал На Рома и се брза, Коларов не одговара

На Рома и се брза, Коларов не одговара

Од приказната дека ќе си замине, поточно дека Рома сака да се ослободи од неговиот договор, до приоритет.

Имено, во овој момент Коларов е играч за кого Римјаните најмногу се грижат, му истекува договорот на крајот од сезоната, тие му нудат нов, на година, плус уште една, но тој за сега не одговори.

Пауло Фонсека бара од клубот да ја реши ситуацијата за следната сезона да не бара ново решение, но 33-годишниот капитен на Србија има подобри понуди. Тој веќе можеше да земе големи пари во Турција ова лето, но одлучи да остане во Рома уште една сезона.

Две години веќе игра за „Волчицата“, стигна до 93 натпревари, постигна 14 гола и запиша 16 асистенции. Не запира, оваа сезона има 3 асистенции, а со гол го реши и римското дерби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети го лоцира проблемот на Јувентус: Десет минути играме добро, па се губиме

Јувентус двапати се враќаше против Фиорентина за реми 2-2, а Спалети предупреди на недости…