Дома Трансфер зона „На Реал му е потребен Мбапе, но тешко дека ќе го донесат“

„На Реал му е потребен Мбапе, но тешко дека ќе го донесат“

Еден од оние кои сметаат дека Мбапе би бил идеално засилување за Реал Мадрид е поранешниот стопер на Кралевите, Фабио Канаваро.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Италијанскиот фудбалер во пензија смета дека Мбапе во Реал може да ги следи стапките на Кристијано Роналдо, но дека клубот од Мадрид тешко ќе успее да го донесе.

„На Реал му е потребен играч како што е Мбапе, младата ѕвезда која е спремна да го следи чекорите на Кристијано Роналдо.“ – изјави Канаваро за АС и додаде:

„Нормално е што Реал сака да го донесе, но мора да се знае фактот дека на сопствениците на ПСЖ не им се потребни пари. Тие се амбициозни и сакаат да ја освојат ЛШ. Мислам дека на Реал ќе му биде многу тешко да го донесе. Претседателот на ПСЖ е човек кој сака да победува, го познавам добро и ќе се бори до крајот да го задржи Мбапе.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Џулијано Симеоне алудира на „кражба“ со Арсенал – што мислите вие? (Видео)

Атлетико Мадрид испадна од полуфиналето на Лигата на шампионите, а еден од играчите кој бе…