Според пишувањата на „Коријер дело Спорт“, Интер и Евертон би можеле да разменат играчи до крајот на преодниот рок.
Во прашање е размена на играчи за врска, по моделот кој неодамна го спроведоа Арсенал и Манчестер Јунајтед.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено, Евертон е заинтересиран за играчот за врска на Интер, Марсел Брозовиќ.
Хрватскиот интернационалец би можел да ги напушти редовите на „Нероаѕурите“, управата на клубот од „Меаца“ го донесе Рафиња од Барселона, а планираат да се засилат и со ангажман на Хавиер Пасторе од ПСЖ, што би значело дека за Брозовиќ нема да има многу место во четата на Лучано Спалети.
Евертон би можел тоа да го искористи, но наместо пари, кон Италија подготвени се да го испратат некогашниот капитен на Ајакс, Дејвиј Класен.
Куман го ангажираше Класен изминатото лето како големо засилување, но пристигнувањето на Сигурдсон услови Холанѓанецот да биде во втор план на „Гудисон“.
Ситуацијата не се промени ниту со новиот тренер, ниту Сем Алардајс не смета на неговите услуги, па ова е единствен начин двете екипи да искористат.