Дома Фудбал Лига на шампиони На полувремето вчера имало инцидент? Што направил Симеоне?

На полувремето вчера имало инцидент? Што направил Симеоне?

Лајпциг вчера за првпат во својата историја се пласираше во едно полуфинале од Лигата на шампионите, „биковите“ беа подобри од Атлетико со 2:1.

Олмо го отвори резултатот, потоа Феликс донесе изедначување за Атлетико со гол од пенал за во финишот од средбата Адамс да погоди за историско полуфинале за германскиот тим.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во разговор со новинарката Брита Хофман Јулијан Нагелсман откри дека на полувремето имало некаков инцидент.

„Освен инцидентот на полувремето се беше во ред. Симеоне е голем победник, па сака да победи и на патот до соблекувалната“.

Новинарката потоа го праша што се случило?

„Нема да откријам детали, има камери се беше снимено“.

Хофман беше упорна, па запраша дали во прашање бил неспортски потег.

„Јас не би направил такво нешто, меѓутоа возрасни луѓе сме и секој одговара за своите постапки“, заврши Нагелсман.

Треба да се спомене дека на крајот од натпревар сепак Симеоне му честиташе на Нагелсман за успехот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…