Дома Фудбал Англија На повидок шокантен епилог: Уште еден клучен играч ја губи довербата кај Венгер

На повидок шокантен епилог: Уште еден клучен играч ја губи довербата кај Венгер

Дали Арсен Венгер сака да го продаде Шкодран Мустафи?

Тој, за реазлика од Санчез или Озил не кажа јасно дека Германецот е на продажба, односно дека ќе остане, што само ги зголеми гласините.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„До крајот на преодниот рок, може уште многу работи да се случат“, истакна Венгер.

Во што е проблемот?

Извори блиски на клубот тврдат дека тој не е убеден во квалитетите на некогашниот фудбалер на Валенсија кого го плати 35 милиони евра и дека, ако го донесе Ван Дајк сигурно ќе го продаде германскиот репрезентативец.

Но, малку е веројатно дека Холанѓанецот ќе стигне во Арсенал, иако не е невозможно. Саутемптон го обвини дека тајно преговата со Челси, поради истите причини го пријавија Ливерпул, па на крајот „Топчиите“ можат да останат единствена опција.

Во тој случај, Мустафи би бил вишок. Исто така, се зборува дека Венгер се откажува од тактиката со три стопери и дека во тој случај, ако пристигне уште еден стопер, Германецот ќе биде вишок.

Покрај тоа, Арсенал на него би можел и да заработи. Интер сака да плати повеќе од 40 милиони евра за Мустафи, а Јувентус би заминал и чекор понапред, тие се подготвени да го донесат Германецот за околу 45 милиони и со тоа да ја пополнат празнината по заминувањето на Бонучи.

Но, има уште седум дена до крајот на преодниот ток, во оваа ситуација, без доведување на нов стопер, продажбата на Мустафи би била самоубиство за Венгер и неверојатно сценарио…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парма се враќа во Серија А

Фудбалерите на Парма со ремито на гостувањето кај славниот Бари успеаја да обезбедат едно …