Зинедин Зидан на големо изненадување повторно се врати на клупата на Реал Мадрид, па медиумите веднаш почнаа да лецитираат со имиња кои би можел на лето да ги донесе на „Сантиаго Бернабеу“.
Зидан на лето ќе има огромен буџет за нови засилувања, а шпанските медиуми лансираа „бомба“ и тврдат дека Еден Азар веќе му кажал ДА на Реал Мадрид и ќе биде првото засилување за следната сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, Белгиецот не е единствен фудбалер од Премиер лигата кого Зидан го сака во Реал. На листата потенцијални засилувања е и ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане.
Фантастичниот Сенегалец игра уште една одлична сезона во дресот на „црвените“ и еден е од фудбалерите кои Зидан со задоволство би сакал да ги види во својот тим.
Сепак, цената која тимот од „Енфилд“ ја постави за 26-годишниот офанзивец е голема и „кралевите“ ќе мораат добро да го одврзат ќесето за да стигнат до неговиот потпис.
Ливерпул 130 милиони евра, но претседателот Флорентино Перез нема да штеди на засилувања и сака да му ги исполни сите желби на Зидан.
Мане ја игра својата трета сезона на „Енфилд“, а во досегашните 109 одиграни натпревари постигна 50 погодоци.