Дома Фудбал Англија На повидок потпишување на најголемиот договор во историјата на Премиер лигата!

На повидок потпишување на најголемиот договор во историјата на Премиер лигата!

На повидок е потпишување на најголемиот договор во историјата на Премиер лигата.

Фудбалот од поодамна стана бизнис, па покрај битките на теренот се водат големи и надвор од него. Сериозна „војна“ се води и помеѓу гигантите на производство на спортска опрема, а пред сите тука се американскиот„Најк“ и германскиот „Адидас“.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Како што пренесува „ЕСПН“, „Најк“ одлучил да го собори рекордот во Премиер лигата кои го држат „Адидас“ и „Манчестер Јунајтед“ со десетгодишен договор вреден 750 милиони фунти (околу 867 милиони евра).

Ливерпул во овој момент има договор со американскиот „Њу Баланс“, вреден 45 милиони фунти годишно и тој истекува заклучно со завршувањето на сезоната 2019/2020.

Исто така овој произведувач на спортска опрема во договорот вметна клазула според која има предност во случај друга страна да ја изедначи понудата.
Во овој момент не е познато колкава е понудата од „Најк“, но се знае дека е поголема од онаа која договорија „Адидас“ и Манчестер Јунајтед.

„Најк“ веќе ги поместуваше границите во светскиот фудбал, па така Барселона го потпиша најголемиот договор вреден 113 милиони евра годишно. Кога е Премиер лигата во прашање во овој момент зад Јунајтед и „Адидас“ се наоѓаат Манчестер Сити и „Пума“ со договор од 75 милиони евра годишно кој е нешто поголем од оној помеѓу „Адидас“ и Арсенал (околу 70 милиони евра).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …