Дома Трансфер зона На повидок голем трансфер – „Кралевите“ повторно ја „победија“ Барселона?

На повидок голем трансфер – „Кралевите“ повторно ја „победија“ Барселона?

Реал Мадрид изгледа ја победи Барселона, на повдиок е уште еден голем трансфер.

Секогаш добро упатениот шпански весник „АС“ потврди дека Дани Себаљос на крајот избрал кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид, а целиот трансфер би можел да биде официјализран во понеделник.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Флорентино Перез ја подигна понудата помеѓу 17 и 20 милиони евра, иако неговата клазула изнесува 15 милиони евра. Барселона и понатаму не е премногу активна на трансфер пазарот и уште еднаш не успеаа да парираат на понудата на Реал кој доби уште една битка на пазарот, после онаа за Тео Ернандез.

Овој трансфер е потврда дека Реал на чело со Зидан работи смислено и плански. Нема повеќе скапи „галактикоси“, тимот е поважен како и комбинацијата помеѓу младоста и искуството.

Себаљос е доведен како идна замена за Лука Модриќ, а не е исклучена можност да биде вратен на едногодишна позајмица во Бетис. Шпанецот на последното европското првенство за млади во Полска беше прогласен за играч на турнирот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…