Дома Останати На повидок голема борба: УФЦ легендата го прифати предизвикот на Конор!

На повидок голема борба: УФЦ легендата го прифати предизвикот на Конор!

mcgregor

Eден од легендарните УФЦ борци испрати порака до Конор Мекгрегор.

Во интервју за „ТМЗ“ 43 годишниот Бразилец, Андерсон Силва истакна дека сака да се бори со Конор Мекгрегор.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пред борбата со Кабиб, Конор тврдеше дека сака да влезе во октагон со 43 годишниот Силва.

„Заинтересиран сум за борба против Андерсон Силва. Тој е легенда јас сум легенда, да одиме да го направиме тоа за навивачите. Сигурен сум дека сите би сакале да ја видат таа борба“, изјави Мекгрегор.

„Го прифаќам предизвикот од Конор, само чекам да се опорави од последната борба. Две големи имиња, две легенди, зошто да не се бориме? Не верувам во реванш помеѓу Конор и Кабиб, мислам дека Конор треба да се бори со мене. Но, оваа борба не би имал врска со пари, тоа е предизвик на боречки вештини“, порача Бразилецот.

Во кариерата Силва има 34 победи, осум порази и една борба без одлука. Конор е со учинок од 21 победа и четири порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…