Дома Трансфер зона На Островот убедени: Мурињо го контактирал, одговорот на Вилијан бил – ДА!

На Островот убедени: Мурињо го контактирал, одговорот на Вилијан бил – ДА!

Жозе Мурињо и Влијан – втора епизода!

Како што пренесуваат медиумите на Островот стратегот на Манчестер Јунајтед воспоставил контакти со поранешниот фудбалер на Челзи и го повикал да му се придружи на „Олд Трафорд“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според информациите одговорот на Вилијан бил – ДА!

Бразилецот не е задоволен од третманот кој го има од Антонио Конте со оглед на тоа дека често натпреварите ги започнуваше од клупата за резерви иако според многумина е еден од најдобрите играчи на тимот.

Дека не што навистина не е во ред помеѓу Конте и Вилијан говори и фотографијата која фудбалерот ја постави на својот Инстаграм профил од прослават на трофејот во ФА Купот на која Конте беше „покриен“.

Со оглед дека се уште не е позната иднината на Конте, доколку тој замине, Вилијан би можел и да остане.

Од друга страна уште од минатото лето Мурињо бара играч на позицијата на Вилијан. Тогаш прва желба беше Иван Перишиќ, но Хрватот сега е алтернативна опција. Клубот ќе го напушти

Антонио Марсијал кој не е задоволен од својот статус кај Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…