На само неколку дена пред почетокот на финалето од ФА Купот во кое Сити ќе игра за нов трофеј, Кевин Де Брујн прифатил да се пресели во САД, барем така тврдат медиумите на Островот.
Медиумите во Велика Британија пренесуваат дека Де Брујн ги договорил личните услови со тимот на Сан Диего. Станува збор за тим кој ќе влезе во МЛС лигата во 2025 година, а токму Белгиецот треба да биде главната ѕвезда.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ако Де Брујн замине ќе биде тоа да го напушти Сити по цели девет години. Заинтересирани за него претходно беа и клубови од Саудиска Арабија, но Де Брујн очигледно повеќе го сака животот во Калифорнија.