Жозе Мурињо продолжува со летниот шопинг. Португалецот на „Олд Трафорд“ сега доведува нов чувар мрежата.
Станува збор за искусниот 35 годишник, Ле Грант. Според информациите на „Скај Спорт“, Грант би требало да биде трета опција помеѓу стативите на англискиот гигант, после Де Геа и Серхио Ромеро.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Досегашниот трет голман, Жоел Переира би требало да биде испратен на позајмица каде што би го собирал потребното искуство.
Ле Грант во овој момент настапува за Стоук, каде што пристигна од Дерби во јануари 2017 година, како замена за повредениот Џек Бутланд.
До сега овој голман на Стоук го бранеше на 30 натпревари.