Вардар денес играше против Веспрем и одново забележа висок пораз.
На сите ни е јасно дека ваков Вардар е далеку од најсилните европски тимови. Веспрем денес беше апсолутно подобар противник и ја однесе победата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најголем проблем кај Вардар и во овој натпревар беше одбраната. Веспрем премногу лесно постигнуваше голови. Уште во почетните Унгарците со водството од 2:9 ја најави победата.
Во продолжение следуваше период изедначен период, Вардар никако не успеваше да се доближи повеќе од 5-6 гола разлика. На полувреме Веспрем замина со предност од 15:22.
Ништо не се промени и во второто полувреме предноста на Веспрем само растеше. На десетина минути до крајот Веспрем стигна и до предност од 11 голови разлика. На крајот Унгарците славеа победа со резултат 29:38.
Најефикасен кај Веспрем беше Ненадиќ со 11 гола, додека кај Вардар Атман постигна 7 гола.