Натпреварот меѓу Андерлехт и Генк, кој се одигра на 23 декември минатата година, ќе се повтори поради голема грешка на ВАР која директно се одрази на резултатот.
Во меч кој ќе мора да се повтори, Андерлехт победи со голот на Андерс Драјер од првата минута од судиското надополнување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Причина за повторување на натпреварот е ситуацијата од 23. минута. Напаѓачот на Генк, Јира Сор, постигна гол, откако Шмајхел претходно го одбрани пеналот на Брајан Хејнан.
ВАР му кажа на судијата на натпреварот Нејтан Вербумен дека Сор влегол во шеснаесетникот пред Хејнан да шутира од белата точка и дека голот треба да биде поништен.
Покрај Сор, во шеснаесетникот влегоа и двајца играчи на Андерлехт пред да биде изведен пеналот, што според правилата на играта треба да резултира со повторување на пеналот за Генк, а не само поништување на голот од белата точка. .
Генк поднесе жалба, а Дисциплинската комисија утврди дека оштетениот клуб е во право и дека пеналот требало да се повтори наместо само да се поништи голот постигнат од судиското надополнување. Затоа мечот ќе се игра повторно. Датумот на одигрување се уште не е познат.