Во голема анкета која ја покрена мадридскиот весник „АС“, учествуваа 125.000 фанови на Реал, а дури 70% од нив сметаат дека клубот треба дас е ослободи од Кристиано Роналдо.
Роналдо е многу лут на раководството бидејќи не му понидија нов договор, а на соиграчите неодамна им рекол дека сака да се врати во Манчестер Јунајтед.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Португалецот пред една година го продолжи договорот од 2021 година, но смета дека заслужува поголеми примања, пренесуваат шпанските медиуми.
Two thirds of Real Madrid fans believe the time has come for Cristiano Ronaldo to leave the club.
More than 125,000 fans voted in the poll, conducted by AS: https://t.co/syyet79nie pic.twitter.com/dSj6Ih79Nw
— ESPN FC (@ESPNFC) January 18, 2018
Оваа сезона на Роналдо и на Реал не им оди по планот. „Кралевите“ заостануваат цели 19 бода зад Барселона, а Португалецот на 24 настапи постигна „само“ 16 гола во сите натпреварувања.
Раководството на Реал Мадрид и во минатото трпеше незадоволство на своите фудбалери и ги задоволуваше нивните барања се додека тие имаа поддршка од навивачите. Но, кога навивачите ќе се свртат против нив тоа најчесто значи излезна врата на клубот.
Роналдо на 418 настапи за Реал Мадрид има постигнато 422 гола и е најдобар стрелец во историјата на „кралскиот“ клуб.