Дома Останати Кошарка НБА На Лилард не му беа доволни и 47 поени против Дончиќ, трипл-дабл за Леброн (ВИДЕО)

На Лилард не му беа доволни и 47 поени против Дончиќ, трипл-дабл за Леброн (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни три натпревари.

Далас го совлада Портланд со 133:125, а уште една одлична вечер имаше Лука Дончиќ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Словенецот одигра натпревар во кој постигна 27 поени и додаде шест скока и девет асистенции. На другата страна Демијан Лилард уфрли дури 47 поени, покрај тоа имаше шест скока и осум додавања. Кармело Ентони натпреварот го заврши со 16 поени и 11 скокови.

Лејкерси беа подобри од Бруклин Нетс со 128:113, Леброн Џејмс запиша нов трипл-дабл 27 поени, 12 скокови и десет асистенции.

До дабл-дабл стигнаа Ентони Дејвис (16 поени и 11 скокови) и Двајт Хауард (14 поени и 12 скокови).

Во последниот натпревар Вашингтон го довлада Кливленд со 124:112 со 36 поени на Бредли Бил. Кај Кавси, Колин Секстон имаше 29 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …