Mладиот Холанѓанец Френки Де Јонг откри дека од неговиот иден клуб добил барање со Ајакс да го исфрли Реал Мадрид од Лигата на шампионите.
Играчот за врска на лето ќе го облече дресот на Барселона, а до крајот на сезоната ќе ги брани боите на Ајакс со кој вечерва во осминафиналето од најелитното европско натпреварување ќе игра против бранителот на трофејот Реал Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал Мадрид во Амстердам славеше со 2:1 и пред Холанѓаните е голем предизвик да го свртат резултатот во своја корист на гостувањето во Мадрид.
Пред овој натпревар Де Јонг откри дека добил барање од Барселона да го елиминира Реал Мадрид во оваа фаза.
„Кога потпишав договор со Барселона, на „Ноу Камп“ побараа од мене да се обидам да го исфрлам Реал Мадрид од Лигата на шампионите. Тоа би било добро за Барселона“, откри Де Јонг и продолжи:
„Мораме да играме напаѓачки, да ги притиснеме. Знаеме дека ќе биде тешко, Реал игра поинаку во Лигата на шампионите отколку во нивното првенство, но ние сме тука и не плашиме да приредиме изненадување. Јас верувам во квалитетите на моите соиграчи, можеме да направиме изненадување“, изјави играчот за врска.
Реваншот помеѓу бранителот на трофејот и Ајакс се игра вечерва со почеток во 21:00 часот.