Дома Фудбал Англија На Клоп не му е јасно како Ливерпул не го победил Арсенал

На Клоп не му е јасно како Ливерпул не го победил Арсенал

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше разочаран што неговата екипа не победила против Арсенал во големото дерби (2-2).

Ливерпул имаше негатива од 0-2, но „црвените“ се вратија со погодоците на Салах и Фирмино, но потоа имаа неколку шанси кои ги промашија за победа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Салах промаши пенал, а потоа не успеа да погоди ниту Конате и да го израдува поранешниот шампион.

„Нашата реакција по двата гола беше одлична. Натпреварот беше спектакл, но не знам како не победивме по тие шанси на крајот. Искрено, не знам дали да сум среќен што се вративме и покажавме карактер или тажен што не победивме“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се најавува ново правило во Премиер лигата: Против биле само Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Астон Вила

Премиер лигата неодамна најави воведување на ново правило кое ќе ги ограничи трошоците на …