Дома Фудбал На Де Јонг му е преку глава, ќе ја тужи Барселона

На Де Јонг му е преку глава, ќе ја тужи Барселона

Фудбалерот на Барселона, Френки де Јонг нема намера да подлегне на притисоците на претседателот на каталонскиот тим, Жоан Лапорта, и најави преземање правни акции.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Барселона инсистира Френки де Јонг да замине од „Камп Ноу“ ова лето или да се согласи на намалување на платата. Сепак, холандскиот фудбалер нема да се откаже од своите права и ги ангажирал најдобрите адвокати кои ќе го водат процесот.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Де Јонг е разочаран од начинот на кој клубот сака да го оцрни неговото име, бидејќи Барселона сака на суд да го оспори неговиот договор потпишан кога пристигна од Ајакс.

Де Јонг не сака да потпише ништо и целиот случај ќе го препушти на адвокатите на Ла Лига, ФИФА и УЕФА, при што Холанѓанецот реши да не го напушта клубот, иако Лапорта бара начин за да го продаде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ има договор со Атлетико Мадрид за главната желба на Барселона

Пари Сен-Жермен, двократниот победник на Лигата на шампионите по ред, наводно има договор …