Црвена Звезда во минатото имаше големи успеси во клупскиот фудбал, црвено-белите се поранешен европски и светски шампион. 1991 е година испишана со златни букви во екс Југословенскиот фудбал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За наша поголема радост огромни заслуги за тој успех на Звезда имаат Дарко Панчев и Илија Најдоски. На патот до тронот на Европа Звезда помина низ Минхен, во полуфиналето го елиминираа Баерн.
Звезда на првиот натпревар во Германија победи со 2:1. Потоа во реваншот Звезда имаше 1:0, Баерн направи пресврт со 1:2, за потоа да следува шок за Германците во 90. минута. Со автоголот на Ауман и лошата реакција на голманот Звезда изедначи на 2:2 и се пласираше во финалето.
Следуваше бура од емоции и голема радост за белградскиот тим, а тука настана и познатиот коментар на легендарниот коментатор Милојко Пантиќ: Небо се отворило! Стадион експлодирао!