Дома Фудбал На Англичаните не им се верува: Како Сити не доби пенал во 93-та минута?

На Англичаните не им се верува: Како Сити не доби пенал во 93-та минута?

Maнчестер Сити вчера не го победи Лајпциг во Германија и одигра само 1:1, но по натпреварот се коментира ситуацијата од 93-тата минута кога многумина сметаат дека „граѓаните“ требало да добијат пенал.

По ударот со Родри топката веројатно заврши во раката на Бенжамин Хендрикс, но главниот судија и ВАР собата не реагираа.

„Играчот на Лајпциг играше одбојка, тоа е чист пенал. Како ова може да не биде пенал? Не е чудно што Пеп беше изнервиран“, истакна поранешниот фудбалер Овен Харгрвис.

„Тој ја испружи раката, сите ја видовме и реакцијата на играчите, тоа доволно кажува што се случи. Навистина изгледа играше одбојка“, додаде Рио Фердинанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски по дебаклот: Извинување за нулата, одлуката за иднината ќе почека

Македонија ја заврши Лигата на нации со шест порази, а Гоце Седлоски се извини и ја остави…