Дома Фудбал Останато Најцрниот ден во историјата на Спортинг: Хулигани се појавија на тренингот и ги нападнаа фудбалерите (Видео)

Најцрниот ден во историјата на Спортинг: Хулигани се појавија на тренингот и ги нападнаа фудбалерите (Видео)

Навивачите на Спортинг од Лисабон за кој настапува нашиот Стефан Ристовски ги претепаа играчите после лошиот пласман и изостанувањето на клубот во квалификациите за Лигата на шампионите.

Околу 50 хулигани влегле на тренингот, ги демолирале соблекувалните и нападнале неколку и играчи и членови на стручниот штаб (нема информации дали Ристовски бил помеѓу повредените).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој ден португалските медиуми го опишаа како: Најцрн ден во историјата на Спортинг!

Во овој незапаметен инцидент како што споменавме нема информации дали Ристовски заработил повреда, она што е познато е дека неговиот соиграч Јосип Мишиќ заработил повреда на главата.

„Без оглед на последните случувања, ќе ги почитуваме професионалните обврски. Поради почитување кон натпреварување и нашиот статус на професионални играчи, како и кон начиот ривал Алвес ќе го одиграме финалето во Купот“, се наведува во заедничкото соопштение од фудбалерите на Спортинг.

Сепак, крајниот исход од ваквото сценарио би можел да биде поголемиот дел играчи да го напуштат клубот во летниот преоден рок, наведуваат медиумите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …