Легендарниот напаѓач на Њукасл, Алан Ширер го држи рекордот, но вчера Нејмар беше многу блиску да го сруши.
Вчерашниот натпревар од групата Е помеѓу селекциите на Бразил и Швајцарија заврши без победник со резултат 1:1.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Швјацарија успеа да го запре Бразил и може да се каже дека тактиката за која се определија беше одлична, имајќи предвид каков беше критериумот на судијата.
Најмногу удари на вчерашниот натпревар доби ѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар.
Бразилецот беше фаулиран дури десет пати што е најголем број на прекршоци над еден играч уште од Мундијалот во Франција.
На споменатиот Мундијал, Алан Ширер на еден натпревар беше фаулиран 11 пати и тоа рекорд кој малку недостасуваше вчера да биде срушен.
10 – The last player to be fouled more in a #WorldCup game than Neymar v Switzerland (10) was Alan Shearer in 1998 (11 v Tunesia). Down. pic.twitter.com/5uE51q1Irx
— OptaJohan (@OptaJohan) June 17, 2018