Дома Фудбал Останато Најнова најава за преодниот рок во ПЛ: Ќе биде отворен од март 2021?

Најнова најава за преодниот рок во ПЛ: Ќе биде отворен од март 2021?

Oд Островот од ден во ден пристигнуваат нови информации за тоа како Премиер лигата има намера да се избори со актуелната ситуација.

Во овој момент се поставуваат многу прашања, најважно е кога првенството ќе почне и до кога ќе трае. Меѓутоа се зборува и за летниот преодниот рок. Засега постојат многу теории за тоа како ќе изгледа, а според последните информации тој би можел да биде продолжен до март идната година. Претходно се шпекулираше дека може да трае до јануари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Финансиските загуби за клубовите ќе значат дека мораат да продаваат за да ја задржат стабилната состојба. Затоа на екипите се очекува да им се даде повеќе време за да можат да се обезбедат на долгорочен план.

Ова го пренесува „Експрес“ кој се повикува на свои анонимни извори.

Инаку се смета дека кога еднаш Премиер лигата ќе продолжи ќе се игра без навивачи можеби и до 2021 година што сигурно ќе биде голем финансиски уфар за клубовите. Сепак, засега најважно е сезоната да продолжи за да се намалат и загубите од ТВ правата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се појави анализа со гол-технологијата: Барселона била оштетена во „Ел Класико“! 🎥

На социјалните мрежи беше објавена анализа со гол-технологијата за спорниот момент во „Ел …