Мадридските медиуми денес пласираа многу инетерсна теорија за трансферот на Нејмар во Реал Мадрид.
Весникот „АС“ пренесува дека трансферот на Нејмар во Реал Мадрид би можело да го помогне, ни повеќе ни помалку, туку компанијата „Најк“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено, Нејмар не е среќен во Париз и веќе им се доверил на своите пријатели дека дека никогаш повеќе нема да игра во ПСЖ, па неговото враќање во Шпанија е се поизвесно.
Доколку ПСЖ навистина не може да го задржи Нејмар во своите редови, тоа ќе се обиде да го искористи компанијата „Најк“.
Имено, од „Најк“ му поставиле услов на Реал да се откаже од „Адидас“ и да потпише договор со нив, а за возврат тие ќе финансираат значителен дел од трансферот на Бразилецот.
Реал во моментов добива околу 40 милиони евра од „Адидас“, додека „Најк“ им нуди двојно повеќе на „кралевите“.
Како што објавува „АС“, американската компанија планира да го преземе најтрофејниот светски клуб од рацете на својот голем ривал, па затоа и влегуваат во проектот за Нејмар, кој инаку е заштитно лице на „Најк“.
Германските медиуми пренесуваат дека „Адидас“ спремил нов договор за Реал, но Флорентино Перез истиот го одбил кога се отворила можноста Нејмар да дојде во Мадрид.