Една од главните вести во Шпанија и кај нас од вчера е интересот на Барселона за Столе Димитриевски.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според дел од шпанските медиуми преговорите помеѓу Барселона и Димитриевски се започнати. Сепак, во договорот на Димитриевски со Рајо има клазула од шест милиони евра и овој клуб нема намера да попушти во цената, па најверојатно Барселона ако навистина сака да го доведе македонскиот голман ќе треба да ја плати таа сума.




Додека се пишува за иднината на Столе се појави и видео-компилација од најдобрите одбрани на Димитриевски во дресот на Македонија и Рајо во последниот период. Кога ќе го изгледате видеото и ќе ви биде јасно зошто Барса го сака Димитриевски.
Уживајте во најдоброто од Столе: