Веројатно најдобриот црногорски судија во овој моемнт, Никола Дабановиќ ќе и суди на Македонија на пријателскиот натпревар против Ерменија во Струмица.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонија утре ќе игра против Ерменија пријателски натпревар на стадионот „Благој Истатов“ со почеток од 15:00 часот.
Дабановиќ е судија кој редовно дели правда на европски натпревари, а последен ваков предизвик му беше натпреварот помеѓу Штурм и Спортинг Лисабон во рамките од Лигата Европа минатиот месец.
Во квалификациите за Европското првенство судеше на средбата помеѓу Норвешка и Грузија. Помошници на Дабановиќ ќе му бидат сонародниците, Срѓан Јовановиќ и Владан Тодоровиќ.
Ќе потсетиме, Македонија е слободна во ова коло од евроквалификациите, па затоа го користиме терминот за одигрување контролен натпревар пред средбите со Италија и Англија во последните две кола.