Англискиот премиерлигаш Саутемптон постигна договор со менаџерот на Лутон, Нејтан Џонс.
Како што пренесуваат медиумите, двете страни ќе потпишат долгорочен договор. Нејтан Џонс на стадионот „Сент Мери“ ќе го замени австрискиот тренер Ралф Хасенхитл, кој во понеделникот доби отказ по поразот од Њукасл со 4:1.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Саутемптон моментално се наоѓа во зоната за испаѓање на 18. место со само 12 освоени бода во Премиер лигата.
Вчера Џонс присуствуваше на натпреварот од Лига купот во кој „светците“ го елиминираа тимот на Шефилд Венсдеј по подоброто издание од пенали. Овој Велшанец има 49 години и важи за еден од најпочитуваните менаџери на Островот.
Поранешниот фудбалер на Брајтон е најзаслужен за подемот на Лутон, шестиот тим на табелата во Чемпионшип минатата сезона. Нејтан Џонс тогаш сосема заслужено беше избран за менаџер на годината во втората англиска лига. Како тренер, тој претходно работеше во Чарлтон Атлетик, Брајтон и Стоук Сити.
Интересно е што професионалната кариера како играч практично ја започна во Шпанија каде настапуваше во втората лига за Бадахоз и Нумансија.
Southampton have agreed a deal with Nathan Jones to become their new manager. pic.twitter.com/ptmT04wHrx
— Sky Sports News (@SkySportsNews) November 9, 2022