Шпанецот Родриго Морено го напушти Лидс и кариерата ја продолжи во Катар, во редовите на Ал Рајан.
Родриго има 32 години и на „Еланд роуд“ играшер од 2020 година. Вкупно за Лидс забележа 88 настапи и 26 постигнати голови. Во минатата сезона беше најдобар стрелец на тимот со 15 голвои, но и покрај тоа Лидс испадна во Чемпионшип.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Покрај Лидс, Родриго во кариерата играше уште за Валенсија, Болтон и Бенфика, беше дел и од вториот тим на Реал Мадрид. Зад себе има 28 настапи за репрезентацијата на Шпанија.
Biggest QSL summer signing (so far) ✅
— Mitch Freeley (@mitchos) July 13, 2023
Al Rayyan confirm the signing of Spain international and the only man who can throw a kettle over the Sheraton, Rodrigo!
The big man will don the number 19 shirt for Rayyan, scenes! #VivaQSLpic.twitter.com/TkpIqNWkCg