Славниот НБА тренер, Грег Попович откри зошто е еден од стручњаците кои најмногу верува во неамериканските кошаркари.
Во изминатите две децении има огромен број на европски и јужноамерикански кошаркари кои го носеа дресот на Сан Антонио предводен од Грег Попович.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Во светот има многу добри играчи, а јас тоа го сватив 80-те години од минатиот век. Тогаш бев на Европско првенство и бев еден од ретките Американци кои пристигнаа да го гледаат тоа натпреварување“, открива Попович.
„Ги гледав сите натпревари. Русија, па Југославија за која играа Владе Дивац, Дино Раџа, Тони Кукоч и останатите. Се чуствував како во продавница за колачи и се прашував каде играат овие момци и зошто не се во НБА. Кога почнаа да пристигнуваат во Америка на сите им беше јасно колку одговараат на нашата игра“, додаде славниот тренер.
Попович е инаку син од Србин и Хрватка, роден е во САД пред 69 години, а од 1996 година го предводи Сан Антонио.