Oдличниот нигерски напаѓач Пол Онуачу би можел во зимскиот преоден рок да го напушти белгиски Генк.
Феноменалните настапи на нигерскиот напаѓач во последно време не останаа незабележани, па се поизвесен е негов трансфер во некоја од посилните европски лиги. Се поврзува со повеќе клубови, но како што стојат работите најблиску е до Премиер лигата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од претходно е познато дека Астон Вила е заинтересирана за него, а островските медиуми пренесуваат дека во борба за негов ангажман се вклучил и Арсенал. „Топџиите“ сакаат во јануари да ја засилат напаѓачката линија и во Онуачу гледаат идеална напаѓачка опција.
Во редовите на Генк тој пристигна во 2019 година од Мјитиланд. Минатата сезона беше одличен во Белгија и со 33 гола беше прв стрелец и го доби признанието за најдобар играч. И оваа сезона одлично ја отвори и после 18 натпревари веќе има 12 гола.