Дома Останати Најдобрата бразилска одбојкарка падна на допинг!

Најдобрата бразилска одбојкарка падна на допинг!

Бразилската одбојкарка Тандара Каишета падна на допинг тестот. Искусната дама веќе го напушти Олимпиското село и се враќа во татковината.

Олимпискиот комитет на Бразил објави дека прекршокот се случил на вчерашниот тест кој бил направен надвор од натпреварувачкиот период.

Бидејќи бразилската анти-допинг агенција објави дека Каишета падна на тестот, Олимпискиот комитет на Бразил нареди одбојкарката да замине од репрезентацијата.

Одбојкарката се јави преку социјалните мрежи и напиша дека ќе даде повеќе информации кога ќе заврши случајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Унгарија ги трга политичарите од врвот на спортските клубови и федерации

Унгарскиот парламент усвои закон против судир на интереси во спортот, со кој политичарите …