Португалскиот репрезентативец Андре Гомеш се покажа како големо промашување на Барселона и на лето готово сигурно ќе го напушти „Камп Ноу“.
Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем и Вест Хем покажуваат сериозен интерес за Португалецот.
Овие два клуба веќе стапиле во контат со неговиот менаџер и веќе спремаат понуда.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Самиот Гомеш е спремен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа,а интерес за него покажуваат и италијанските гиганти Јувентус и Милан.
Сепак, интересот на премиерлигашите е поконкретен, па Гомеш најверојатно кариерата ќе ја продолжи на Островот.