Во Реал Мадрид пристигна како најголем талент во светскиот фудбал, а само една година подоцна бара трансфер од клубот со цел да ја спаси кариерата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за Мартин Одегард, фудбалер кој пристигна како идна ѕвезда на светскиот фудбал, а до сега одигра само 23 минути за Реал Мадрид и тоа кај Карло Анчелоти.
Како што пренесуваат шпанските медиуми Одегард уште во зимскиот преоден рок ќе побара трансфер од Реал Мадрид, а „кралскиот“ клуб најверојатно ќе го испрати на 18 месечна позајмица.
Одеганрд се надеваше дека ќе добие минутажа во натпреварот од Купот против нисколигашот Културал Леонесе, но после тој натпревар е одлучен во намерата да го напушти „Сантиаго Бернабеу“.