Aрбелаз Тобон од Колумбија е веројатно најголемиот колекционер на дресови во светот бидејќи во својата колекција има и над 8.000 различни дресови.
Дури 600 од неговите дресови се од Шпанија, а останатите се од целиот свет. Посебно интересно за нашата фудбалска јавност е што при снимањето на дресовите тој носи дрес од чаирски Шкупи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Пред 40 години беше невозможно да купите дресови затоа што им припаѓаа само на фудбалерите. Многу играчи требаше да ги вратат дресовите кога си заминуваа од клубот. Денес е поинаку и за мене ова претставува вистинско задоволство“, изјави Тобон.
Со собирање на дресови како што вели започнал во 2005 година.