Aли Даеи е најголемата иранска фудбалска легенда, а сега остана без својот пасош затоа што одлучил да излезе на протестите и да даде поддршка на жените кои секојдневно протестираат поради cмртта на млада Иранка.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Максе Амини почина три дена откако беше уапсена од иранската полиција само затоа што не неосела хиџаб. После тој случај во Иран настана голема револуција и се поголем број граѓани на оваа земја даваат поддршка на жените.




На таа поддршка се приклучи Даеи кој откако ја обвини власта остана без пасошот и може да се соочи со дополнителна казна.




„Поради се што зборуваше и што објави на Даеи му е одземен пасошот“, објавија медиумите во Иран.




Ќе потсетиме Али Даеи долго време беше најдобар стрелец за една репрезентација со 109 гола, се додека Кристијано Роналдо не го надмина.



