Дома Трансфер зона Најбараниот играч – го сака пола Европа, а тој одговара: Не ми е гајле!

Најбараниот играч – го сака пола Европа, а тој одговара: Не ми е гајле!

Фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ – Савиќ оваа сезона блеска и се промовираше како еден од најдобрите играчи за врска во Серија А.

Милинковиќ – Савиќ во моментов е најбараниот фудбалер во Европа, а неговата цена вртоглаво расте и моментално е проценет на 100 милиони евра.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Синоќа на натпреварот помеѓу Аталанта и Лацио го следеа скаути од најголемите европски гиганти, а тој блескаше и постигна два гола.

Јувентус, Манчестер Јунајтед, Сити, Ливерпул, Барселона, Челзи, Монако и ПСЖ се силно заинтересирани за неговиот потпис.

„Постигнав два важни гола, играм за Лацио и не ми е гајле кој дошол да ме гледа. Среќен сум во Лацио и во Рим“, изјави Србинот по натпреварот.

Милинковиќ- Савиќ има договор до 2022 година, но следното лето готово сигурно ќе ја промени средината. Прашање е само во кој од споменатите клубови ќе ја продолжи кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед му нуди трампа на ПСЖ

Манчестер Јунајтед го стави на продажба Маркус Рашфорд и сакаат да се ослободат од него во…