Дома Трансфер зона Најбараниот голман сака да му се реши иднината во следните три дена!

Најбараниот голман сака да му се реши иднината во следните три дена!

Голманот на Рома и бразилската репрезентација, Алисон е еден од најбараните голмани во моментов бидејќи за него силен интерес покажуваат Реал Мадрид, Ливерпул и Челзи.

25-годишниот чувар на мрежата изјави дека сака неговата иднина да биде решена до почетокот на Светското првенство, а за тоа остануваат само уште три дена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Верувам и се надевам дека се ќе биде јасно пред почетокот на Светското првенство. Јас оставив се во рацете на мојото агент. Ако прашањето не биде решено до почетокот на Мундијалот, таа тема ќе ја разгледувам дури после неговото завршување“, изјави Алисон.

„Имам многу понуди и различни понуди, но тоа ќе го решиме заедно со Рома бидејќи имам огромен респект кон клубот. Ќе видиме што ќе се случи до крајот на неделата“, додаде Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…