Дома Трансфер зона Најави ли Чави големо засилување за Барселона од Баерн?!

Најави ли Чави големо засилување за Барселона од Баерн?!

Кога неуспешно заврши сагата со можното враќање на Лионел Меси, Барселона сега се насочува кон другите приоритети, а според последната изјава на Чави едно од нив би можело да пристигне од Баерн.

Џошуа Кимих некое време се поврзува со Барселона, па шпанските новинари го запрашаа Чави за негов можен трансфер помеѓу Каталонците, а стратегот не демантираше.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Со Кимих разговарав во Катар, се сретнавме и ми кажа дека е мој голем фан. Дали може да дојде во Барселона? Има договор со Баерн, па зависи од него. Видовте како се одвиваше сиутацијата со Левандовски, тој е пример на играч кој сакаше да дојде тука“, изјави Чави.

Нема сомневање дека Кимих би бил одлично засилување за Барселона посебно по заминувањето на Серхио Бускетс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона пронајде засилување во Баерн, спремна да плати 70 милиони евра?

Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, …