Дома Фудбал Најавија промени, а веќе денеска се предомислија за новиот тренер

Најавија промени, а веќе денеска се предомислија за новиот тренер

Претседателот на Барселона, Бартомеу синоќа најави промени во клубот после катастрофалниот пораз во ЛШ од Баерн Минхен.

Бартомеу се извини на навивачите и најави промени, а Кике Сетиен би требало да биде првата “жртва“.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Иако Маурисио Покетино најмногу се поврзуваше со клупата на каталонците, тој веројатно нема да биде новиот тренер.

АС тврди дека раководството на клубот е против евентуален ангажман на Аргентинецот, кој претходно ја нарекуваше Барселона како непријател и дека никогаш нема да ја предводи како тренер.

Тоа одредени луѓе во клубот не сакаат да го простат. Очигледно и вечерата со Бартомеу е залудна за Покетино, кој веројатно ќе побара работа на друго место.

Исто така, со клупата на Барселона се поврзува и легендарниот Чави, но тој неодамна кажа се уште не е време да се врати во клубот.

Името на новиот тренер би требало да се знае многу брзо, но прво треба да се реши договорот кој го има Сетиен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…