Дома Топ вести Најавените засилување потенцијален проблем во Барса, Пике предводник на побуната?!

Најавените засилување потенцијален проблем во Барса, Пике предводник на побуната?!

pike

Проблемите не се неочекувани, многумина предупредуваа, дали Меси ќе успее да ја исконтролира ситуацијата…

Погодувате, кога оди добро она што може да ја наруши атмосферата во соблекувалната се парите.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Меси доби нов, фараонски договор и на тоа нема никаква забелешка, фудбалерите бараа од клубот Барса да му излезе во пресрет.

Но, најавеното доаѓање на Кутињо и намерата на Барселона на лето да го доведе Гризман ја зголемија температурата во соблекувалната.

Каталонците се надеваа дека Бразилецот може да пристигне во јануари, односно дека Ливерпул може да ја прифати сумата од 145 милиони евра.

Кутињо наводно веќе договорил плата од 14 милиони евра, по сезона. Тоа би била трета по големина плата во Барселона, зад Меси и Суарез и во целост би ја нарушило платежната структура во клубот.

Се шпекулира и дека Гризман би можел да биде подобро платен и од Кутињо.

Главен предводник на побуната во соблекувалната наводно е Жерар Пике, човек кој има големо влијание во соблекувалната. Тој предупреди дека ваквите потези се лудост, од неговото мислење не е далеку ни Валверде кој не смета дека Кутињо му е потребен во јануари и повеќе сака да му биде доведен централен дефанзивец.

Платите во Барселона и онака веќе се големи и многумина сметаат дека клубот троши премногу.

Според некои податоци, Пике има плата од 9.5 милиони евра по сезона, колку и Иниеста. Но, Алба бара заработува околу 5, Бускест 7, Ракитиќ нешто помалку, најмала плата од првотимците има Умтити кој игра за 3.5 милиони евра по сезона.

Во секој случај ќе видиме како Барса ќе ги реши проблемите, тие пред се мораат да се ослобдат од Арда Туран кој заработува скоро 9 милиони евра, а оваа сезоно скоро и да не игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи тргнува по ѕвездата на Барселона

Челзи ќе се вклучи во битката за дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, пренесуваат кат…